Да се распакувам или не?

Што е подобро кога си на пат, да извадиш сè од куфер, или сè да ти остане внатре?

Ова постои како дилема кај луѓе што често патуваат: Вреди ли да се распакуваш, само за на крај да мораш пак се да напикаш назад?

„Распакувањето, буквално е начин луѓето да добијат некаква контрола над опкружувањето,“ вели д-р Џин Ким, психијатар и професор, која досега има пишувано на тема патување и ментално здравје. „Кога патуваш, куферот е парче од тебе - всушност, животот што доаѓа заедно со тебе на пат.“

Една неформална анкета на социјални мрежи открива дека не само што луѓето имаат различен пристап кон распакувањето, туку и инсистираат на она што тие го преферираат. Некои велат „никогаш распакување“, а некои вака:

„Минатата година, по совет на мајка ми, веднаш почнав да вадам сè од куферот,“ вели Мелиса Блаустин, основач на асоцијација за стартап политики, која често посетува по 2-3 земји во неколку дена. „Така хотелите ми стануваат повеќе како дома, а патувањето полесно.“

Да видиме што ќе кажат експерти на темава.

Сè си е на место

Внимателното пакување придонесува кон полесно и помазно патувачко искуство. Ден Пиерсон, основач на Болт Травел, компанија за патувања на база на членство, се фокусира на организација и консолидација. „Целата облека ми живее во сува торба, каде што е завиткана во ролни, војнички за да не се гужва. Таа торба можам да ја извадам и да ја вратам во ранец кога сакам. Секој предмет, како полначи или козметика си има свој дом во ранецот. Така можам да внимавам на сè.

Вака може да изведете едно полу-распакување, со вадење ќеса или торба со предмети што ви живеат во куфер. Можете да ги гледате како преносливи фиоки - наместо да фрлате сè на едно место, имажете да земете кутивчиња за патување и да ги ставате директно во фиоките во вашиот смештај, или ако седите подолго - скроз да ги распакувате.

Пренослив плакар

Ако трансферот од торба во фиоки ви доаѓа премногу, тогаш куферот треба да ви биде организираниот простор. Лора Вас, дизајнер на накит од Њујорк, сакала нешто што личи на олд-скул Луј Витон ковчег и дошла до нешто такво - The Carry-On Closet од Солгаард - со вградени полици кои при транзит се склопуваат, продолжуваат или можат комплетно да се отстранат ако не ти требаат.

Да си како дома додека си на пат

Ова чувство на „дома“ може да е решавачки фактор кога се работи за прашањето дали да се распакуваш или не.

„Како да маркираш територија,“ вели д-р Ким. „Треба да се внимава на било што што нè прави поанксиозни - компулсивност, или строгост со себе доколку не следиме одредени правила.“ Со ова, може да помогне одреден степен на флексибилност и експериментирање.

„Кај патувањата има едно чувство дека правиш нешто ново. Совршен момент да тестираш и да пробуваш нови работи, се разбира разумно. И на крајот на краиштата, без разлика дали ќе решиш да се распакуваш или не - не е крај на светот.“

На следното патување, пробајте да се распакувате скроз, да видите дали ќе го добиете тоа домашно чувство на контрола. И внимателно - д-р Ким на пример не се распакува од страв да не заборави нешто.

3 февруари 2020 - 15:52