Да повториме, „алфа мажи“ се мит

Или, барем, не се тоа што токму тие што себеси се сметаат за „алфа мажи“ мислат дека се. Напорен, бучен, силеџија што „многу го бркаат жени“ не е алфа, туку само напорен, бучен, силеџија (што баш и не го бркаат жени).

Сите социјални животни воспоставуваат хиерархии, но да се биде „алфа“ не се врти само околу сила и заплашување, според приматологот Франс де Ваал. Алфа маж често е фигура која е тема на восхит поради емпатијата и заштитата што ја нуди.

Де Вал го критикува погрешниот концепт за терминот кој е веќе станат синоним за силеџија. Подлабоко го истражува концептот на род, расправајќи за неговата флексибилност и истакнувајќи го постоењето на значителна индивидуална варијабилност во однесувањето меѓу приматите. Акцент става на емпатијата како клучен фактор во социјалната кохезија.

Ова еднаш го имавме, ама со „Адам сè уништува“, ама на некои не им одговара, па да се потсетиме.

И покрај нашите предности и напредок, Де Вал верува дека луѓето се фундаментално слични со приматите и емотивно и социјално.

21 јули 2023 - 13:39