Чизми што можете да ги нарачате денес

Нека побрза само датумот кога пак ќе добиеме оправдување за купување „уште едни, затоа што цело време ги носам истите два пара“, без разлика што освен тие два пара има уште десет.

Добро, реално, оправдување секогаш можеш да најдеш. Само што, нѐ има и такви што сме во категоријата „работат од дома“, па останува сѐ што е неизносено да се носи во супермаркет, во банка, некое трето место кај што мораш да излезеш... И веројатно ќе се согласиме дека за таквите пандемски авантури, најлесно е да се облечат патики, особено поради тоа што доаѓаат во комбинација со стоење во ред, на растојание, или брзинско повлекување неколку чекори наназад кога некој ќе ти се залепи, или ќе помине покрај тебе затоа што сака „само нешто да праша.“

Нејсе, можеби и сте полуделе. На почетокот на оваа глупа година, се појавија и такви што секој ден се дотеруваа за по едно селфи во огледало, па се враќаа во пижами. Некои сѐ уште одат на работа, па за нив, пазарењето облека не се промени многу.

Но, доста редење причини за нарачување чизми. Понекогаш, едноставно ти требаат, затоа што - така.

А и затоа што се гледа крајот на пандемијата. Имаме уште прашања за вакцините, ама во обид да почнеме на поведра тема, ај вака:

Чизми што можете уште денес да ги нарачате, затоа што колекциите траат една сезона, а догодина ќе може да се шетаме, а нив може нема да ги има.

За секој ден, и наместо истите тие патики за трчање и бегање од зомби, кожни, кафени, рамни, до колена:

Ги има во Зара и се 6990 денари.

Следните е многу можно да се најдобри на списокот и со оваа линија над штикла ретко се наоѓаат. Ако се наоѓаат, тогаш се во Галери Лафајет во Париз и се намалени од 1400 на 400 евра. Среќа, изгледа стануваат модерни, па можеме да се опремиме:

Исто така Зара, инвестиција од 7990 денари.

Fashion Group држи Стив Маден, патем, ако не сте знаеле. Стив Маден е опасен кондураџија, и кај него се оди ако се сака да се има шармантни глупости на нозе. На пример со синџири:

Ги има овде, 9790 денари.

Има една теорија според која, ако не се вртат случајни минувачи за да проверат дали убаво виделе што тоа имаш на себе - исто како да не си се облекол. И токму во таа дефиниција спаѓаат следните:

Плус, само што почна да врне. Не е фер да не си ги нарачате. Риплеј, за 5790 денари.

Но, добро, не се сите толку храбри. За поприбраните, а сепак озбилни модни верници:

Бершка, 2990 денари, како измислени за сезонава.

Наспроти класичните онлајн продавници, имаме препорака и за една Инстаграм-продавница, плус, цените не се „3 за 100“ па да звучи сомнително.

Ако се раководите според филозофијата за жолтите гумени чизми, еве уште едни за сопнување непознати по улица:

Со нив се разбира, треба многу, ама многу да внимавате. Ако на себе оставите уште едно парче во оваа боја, толку. Ич не излегувајте од дома. Цените можат да трпат измени, па прашајте директно во порака

И уште едни безобразни од таму:

И едни класика, бидејќи ќе внимаваме на сечиј вкус, а и ова е инвестиција, и тоа не некоја огромна:

2690 денари, од истото место.

И, кои?

7 декември 2020 - 16:09