Чевли што излегуваат од мода и со што да ги замените

Пред да дискутираме, вреди да се потсетиме дека во денешно време - сè поминува. Повеќе се носи тоа што ти прави ќеиф и ти е удобно отколку тоа што ќе ти го кажат модни писти и списанија. Ама некои работи здосадија.

Здосадија Најки патиките, од Данк (особено црно-белите) до Ер Џордан. Не дека треба сега да ги фрлите, ама има и други патики, дури и други типови на обувки со кои може да се смени. Во моментов по-ин се Адидас Газел и Самба, со тоа што толку се преплави интернетот со слики од нив и слики од луѓе како ги носат, што прашање на денови е веројатно кога и тие ќе бидат исшутирани од „трендови“.

Нешто што нема да им се допадне на многумина е дека со ниските старки се претера. Знаеме дека има луѓе што се колнат во нив, ама чисто да си знаете - демоде е. Со тоа што, веројатно штом носите ниски старки, од старт не ве интересира многу заклучоков. Поправка има - Конверс има нови модели, и „дотерани“ високи старки.

Шеј Витни, од каде што и излегува дискусијава има уште попроблематични тврдења, иако е свесна дека ќе ја караат - балетанки од пред десет години не, еспадрили исто никако, ама затоа - мрежасти балетанки? Можело.

Еве, расправајте се:

9 јули 2024 - 14:04