Чао штикли, добредојдовте патики

Можеби веќе сте забележале дека и најголемите обожавателки на штикли што вечно се колнеа (и не лажеа!) дека им е удобно во нив и да стојат и да пешачат и да спијат - веќе се префрлаат на патики? Не е ни чудо, после една Викторија Бекам, која својот фенси ансамбл го комплетираше со Адидас Суперстар во еден момент.

Тажно време е ова, иако не сме толку уплакани, колку што со една носталгија полека им затвораме врати на штиклите. Остануваат за на работа, за на свадби и слично (иако некои од нас сериозно размислија да облечат на пример сребрени Суперстар на свадба, но добро), а за сите други прилики, жените не се фаќаат веќе ни за балетанки, туку баш за патики. Никогаш порано немало толку избор на модели и бои, никогаш порано толку не се обрнувало внимание патиките да бидат нешто што ќе влезе и во најдотерувачката можна категорија.

Постојат нови информации дека порастот на „чистки на штикли” е дојден до 38%, што значи дека сè повеќе луѓе се ослободуваат од сè што им е тенко и високо по дома. Во меѓувреме, патиките уживаат пораст во популарност од 46%, според Бизнис Инсајдер. Истовремено, i-d vice, пишуваа за „статија од еден кинески сајт за потрошувачки трендови, која расправа дека со зголемената популарност на опуштени обувки и генерално поопуштени ставови околу гардеробата, паѓа продажбата на формалните парчиња.”

И воопшто не е изненадување - патиките се „новата ташна”, „новиот статусен симбол.” Со нив не владеат само компании како Најки, туку и луксузни модни куќи како Баленсијага и Луј Витон. Без разлика дали се олд-скул Ванс, Најки Суприм, или Лагерфелд, луѓето не можат да се накупуваат.

И стварно, не дека е чудно. Со новиот, фантастичен избор, може човек да го има истото дотерано чувство како да е на штикли, минус болката што почнува 2 саати откако ќе ги облечеш.

18 јуни 2018 - 10:28