Е, тие да си ги чувате.
Затоа што:
- Искрено ве сакаат. Многу повеќе од некои други во вашиот живот. Иако не изразуваат емоција на вашиот начин, сепак се грижат за вас.
- Не ја „разубавуваат“ вистината. Нема да трошат време да ви ги соџвакаат тешките аспекти на она што сакаат да ви го кажат. Ќе си кажат јасно што мислат, без разлика дали ви одговара тоа.
- Знаат точно што сакаат од животот. Искрените не се од оној тип што „ќе веруваат во нештото додека не им дојде“. Сами ќе си ја избркаат работата.
- Нема да лажат за вас да ви биде подобро, не би ни можеле, особено не како лажните пријатели. Им се познава кога лажат, затоа што не знаат како.
- Знаат точно како да ве расположат. Може се строги, но ве познаваат многу добро. Сѐ што сакате, сѐ што не сакате - знаат што ви ја радува душата и што ве прави тажни. Без разлика што понекогаш се премногу груби, знаат да ве насмеат.
- Не се плашат да се извинат ако згрешиле. И кога ќе се извинат, тоа е од срце. Кога ќе згрешат, воопшто не им е тешко да си ја прифатат грешката, вината и да се потрудат да зачистат што растуриле.
- Промените не ги плашат - не се плашат од непознато, напротив: едвај чекаат да го истражат. Директните, искрените луѓе не се плашат од иднината и не живеат во страв. Веруваат дека прифаќање на промените е единствен начин да се дојде до мир.