Менталното здравје ни пропаѓа, без разлика што живееме во богати времиња и ова е само доказ дека богатството не е решение за сè. Тука на сцена излегуваат Деветте елементи на човечкото процутување - мапа за напредок која ги надминува културата, националноста, полот, возраста, богатството и личните услови.
Ленор Ламберт отсекогаш била заинтересирана за човечкото искуство, како тоа функционира и како да се искористи до максимум. Ова ја довело до длабински истражувања и постојано собирање податоци за тоа како да се напредува - да се процути како човечко суштество.
Од старт е јасно дека ваквата фасцинација нема да произведе прав пат - средно завршила на 16, патувала и работела три години, потоа се квалификувала како организациски психолог и деценија подоцна, станала директорка во јавна компанија.
Веќе ѝ било испробано „работењето во фирма“, па се пронашла во развој на лидерство, па во излезни интервјуа, за на крај конечно да се најде во личен развој.
Автор е на книгата „Буда за современите умови“, повеќе пати има учествувано на првенства за атлетика и има и австралиски и светски рекорди.
Нејзината мисија? Да процутиме.
Да видиме како: