Би се снашла ли Шерон Стоун како Саманта во „Сексот и градот“?

Франшизата постои долго, а секоја од четирите главни актерки личи како да е незаменлива и како да не може да има филм или нова серија без нејзе. Сепак, Ким Катрал не сака да чуе.

Катрал се појави на подкастот Women’s Prize for Fiction, каде што сподели дека веќе со години откако одби да учествува во било какви понатамошни проекти врзани со „Сексот и градот“, на глава ѝ се качуваат и продуценти и фанови.

„Се сеќавам дека многу ме мачеа на социјални мрежи што не сакав да учествувам во нов филм. Ми беше неверојатно какви работи ми пишуваа - работам во банка и не си ги сакам колегите и не ми се допаѓа работното време и јас одам на работа, ќе одиш и ти!“ вели таа. „Дај ми што сакам. Јас работам. Јас сум мизерна, ќе бидеш и ти мизерна.“

Смета и дека има среќа што може да бира.

„Имам среќа да имам избор, не дека не сум го заработила тоа, но имам. И многу заштитнички се однесувам кон тој факт. Нема да биде добро да правам нешто што навистина не сакам да го правам.“

Нејзините изјави доаѓаат заедно со објавите дека ХБО спрема нова серија со истиот наслов каде што ќе се вратат Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон. За четвртото место, најпросто кажано - се мислат.

Синтија Никсон (Миранда), на What Happens Live рече дека колешката од Ratched, Шерон Стоун лично, би била одлична.

„Мислам дека Шерон се разбира би била скроз неверојатна. Ким беше одлична како Саманта, а Шерон би ја направила сосема нејзина. Сепак, слушнав и други луѓе, меѓу кои и самата Ким дека можеби треба да биде жена во боја овој пат. И тоа би било фантастично.“

Не дека нема да гледаме де:

11 јануари 2021 - 15:48