
Точната изјава е:
„Време е да се забрани вијагра. Затоа што, ако бременоста е божја волја, тогаш и исто е и со паднатиот к*р.“
Затоа што, мораме да признаеме дека е чудна селективноста околу што е „божја волја“, а што не.
Слаб вид?
Слух?
Нефункционална нога?
Импотенција?
Твитот привлече многу внимание, со 35000 ретвити и над 240.000 лајкови, главно за поддршка, но се разбира дека имаше и незадоволни. Kога Врховниот суд го растури правото на абортус во јуни и го врати на секоја држава сама да си го решава, Бет Мидлер беше меѓу првите што реагираа. Оттогаш, нормалниот дел од светот на многу начини се обиде на заговорниците на забраната да им објасни некои работи и никако да успее. На пример, со сперматозоидите и способноста да почувствуваат мирис што правиме? Или со фактот што сè повеќе жени се одлучуваат за трајна стерилизација? Или, рековме, не е нормално владата да се меша во репродуктивното здравје?
Инаку, ако сакате да се расправате со Бет Мидлер (не можете, но добро), освен забременувањето, „божја волја“ е и: боја на коса, бела коса, влакна по тело, слаб вид, слух, алергии, главоболки и други работи што ги менуваме без око да ни трепне.
Па, вие видете.