Сè повеќе жени во САД избираат трајна стерилизација

Во САД, по укинувањето на федералното право на абортус во јуни 2022 година, се забележува значително зголемување на бројот на жени кои се одлучуваат за трајна контрацепција, особено тубална лигатура - хируршка процедура која трајно ги блокира јајцеводите и го спречува оплодувањето.

Процедурата се препорачува само кога лицето е сигурно дека не сака да има деца, затоа што е трајна и ретко можеш назад. Во последните две години, бројот на жени кои се интересираат за овој метод значително се зголемил, особено кај младите возрасни без деца. Една анализа покажува пораст од околу 58 дополнителни случаи на тубална лигатура на 100.000 лица месечно веднаш по укинувањето на Roe v. Wade, а други податоци укажуваат на пораст од 70% кај жени на возраст од 19 до 26 години.

Овој тренд не е ограничен само на државите каде абортусот e сега забранет. Дури и во државите каде што правата на репродуктивна автономија се заштитени, жените се одлучуваат за трајни методи за да ги обезбедат своите тела од можни идни ограничувања. Испитувањата покажуваат дека многумина го доживуваат изборот за трајна стерилизација како начин да ја задржат контролата над сопственото тело и иднината во време кога репродуктивните права стануваат предмет на политички борби.

Многу жени велат дека причината не е моментална одлука, туку години на размислување кои биле поттикнати од правната несигурност. Стравот од неочекувани промени во законот, можни компликации со контрацепција или ризици од непланирана бременост ги тера да бараат сигурност што трајно ја гарантира контролата над сопственото тело.

Медицинските професионалци предупредуваат дека ваквите процедури се трајни и не треба да се прават без внимателно размислување, затоа што се ретко реверзибилни и може да предизвикаат жалење подоцна. Сепак, за многумина, тубалната лигатура е повеќе од медицински избор - начин е да се каже дека нивната репродуктивна иднина е нивна и не зависи од политички или законски одлуки.

24 февруари 2026 - 10:49