Барби настанува откако креаторката Рут Хендлер ја набљудувала ќерка ѝ дека си игра со хартиени кукли и замислила три-димензионална кукла која на девојчињата ќе им овозможи играње улоги и замислување себеси во секакви професии и аспирации. Од првото појавување, Барбиката станува културен феномен.
Филмот прв пат се прикажа на 21 јули, 2023 и првиот викенд заработи 162 милиони долари во домашните кина. Очекувале 90 до 110 милиони, а го надминаа и буџетот за продукција од 146 милиони.
Е сега, маркетингот - имале 150 милиони долари на располагање и ги искористиле вака:
- Вебсајт за правење твои „Барби“ постери
- Прогресивно осигурувачко партнерство
- Ербиенби партнерство, за да се креира вистинска реплика од куќата на Барби
- Соработка со Бургер Кинг за розев бургер
Иако суштината на филмот е добро раскажана приказна, не може да се отфрли влијанието на маркетингот за феноменалниот успех. И се исплатеше затоа што го имаше најуспешниот викенд од сите филмови кои премиери добија во 2023 до тогаш.
Меѓу другите вредни за споменување се „Аватар“ од 2009, од каде што вложија во 3Д проекции четири месеци пред да излезе филмот, трејлер со видео игра, Мател фигури и соработка со Мекдоналдс, Кока Кола, ЛГ и Панасоник.
„Џурасик Ворлд“ имаше вебсајт дизајниран како парк, со интерактивна мапа, инсталации за камери и дигитални атракции, плус Јутјуб канал, плус партнерство со Шазам.
Дедпул имаше практична шега за Денот на вљубените, божем е романтична комедија, маркетинг на Тиндер (да match-неш со Дедпул) и Емоџи билборд.