Ако пренападен, купи му секс-кукла

Ви текнува на клишето дека кога на некои жени не им е до секс, лажат дека ги боли глава? Е па, Шарлот Греј од Лондон нема намера да лаже. Има она боље решение.

Страдалничката партнерка на Калум Блек кој има 28 години (таа 23), после долго мачење со неговото незаситно либидо, одлучува да му купи секс-кукла што личи на неа. И сега тврди дека одлично им се вклопува.

Парот живее од објавување содржини на ОнлиФанс и ТикТок, а на кукла им текнало кога прв пат почнале да размислуваат за тројка. Откако Шарлот се секирала дека ќе биде љубоморна ако жива жена им влезе во кревет, нашла златна средина - 1500 фунти за кукла и раат. Ја третираат како човек - ја дотеруваат во долна облека и фустани, ја носат на патувања со нив и заедно гледаат серии. Не само што објавуваат секс-видеа со неа, туку и пријатни, домашни видеа како седат на кауч.

„Ова е најдобрата одлука и дефинитивно ни го подобри сексуалниот живот. Супер е, затоа што Калум има силно либидо и кога не сум расположена, Ди е тука. И двајцата уживаме да експериментираме со неа и редовно ни се придружува во кревет. Не е само кукла, навистина сме приврзани за неа. Ни помогна да ја зајакнеме врската и ни го разгори сексуалниот живот.“

Пред да се префрлат на ОнлиФанс каде што заработуваат околу 70.000 фунти месечно (!), Шарлот работела во старечки дом, а Калум се бавел со молерај. Куклата Ди ги инспирирала да сменат кариера. И не им е ни прва - првата што ја купиле не им го правела ќеифот. После долго бирање, Ди се покажала како вистинскиот избор.

Кога не е со нив, ги чека во друга соба.

„Никогаш не би ја ставиле во плакар.“

А луѓе се снебиваат за еден вибратор купување.

Фотографии од среќното семејство - тука.

10 февруари 2025 - 11:25