Сликата е толку добра, што привлекува внимание на милиони, станува вирална и почнуваат модни агенции да тропаат на врата, заедно со големи публикации, меѓу кои и магазинот Ел.
Манекенката од Јужен Судан во тој момент била студентка на државниот универзитет во Плимут, на катедра за биохемија. И во рок од една недела, стига до Њујорк каде што потпишува со Некст Модел Менаџмент, па во Милано каде што ја отвара ревијата на Прада за есен/зима 2018-та (притоа е втора црнкиња на тоа место, после Наоми Кембел).
Во Ел (јануари 2019-та) ја има заедно со Грејс Елизабет, со опис „најсветлите млади ѕвезди во модата.”
„Пред да ја откријат, Јаи жонглираше со редовни студии и работа од 80 часа неделно за да плати за образованието. Нејзините родители на почеток не беа воодушевени што ќерка им ќе го стави образованието на пауза,” пишува во прилогот. „Требаше да видат нејзина слика на билборд за да се помират.”
Во меѓувреме, Јаи не се задоволува само со уживање во новиот статус во модната индустрија - напротив, сака да ги промени нештата. „Како лице на Есте Лодер, го користи својот глас за потребата на разноликост во модната индустрија, и особена е горда што ги убедила дизајнерите да ја пуштат да шета по писта со плетенки или афро,” пишува понатаму. „Исто така се бори за ангажирање фризери што разбираат поширок спектар на текстури на коса.”
И сите навиваат за неа.
А вие признајте дека заради ова сте на Инстаграм.