AI и на профили за лични контакти?

Има нов, неочекуван, а сепак - неизненадувачки тренд во романтичните врски: Луѓето си помагаат со AI. Како мислат да воспостават човечки контакт, ако за комуникација се потпираат на робот?

За PureWow, Др. Пепер Шварц, автор, сексолог и истражувач, и професорка на универзитетот Вашингтон во Сиетл објаснува дека „Вештачката интелигенција е моќна алатка и во ред е да се користи како лектор, или архитект на она што сакаме да го кажеме.“

„Но - и ова е големо но!“ вели таа, „ако користите ВИ како ваш претставник, станувате лажни пред новата личност што ве среќава прв пат. Треба да ве сакаат заради вас, па ако користите ВИ пречесто, едноставно, лажно се претставувате и тоа не е фер.“

Не е многу против оваа појава. Дури и советува дека ако сакате нешто да кажете, можете да напишете една првична верзија на тоа, па да дозволите ВИ да ја среди. Како и за сè, ако ВИ се користи за нешто само да се подобри, наместо да ја преземе целата работа - не е страшно.

Огромен број на луѓе веќе признаваат дека користат ВИ на апликации за лични контакти, па се поставува прашањето за иднината на оваа технологија во таа сфера. На ова има малку попријатен одговор: Како што ќе се развива појавата, така и на луѓето ќе им станува полесно да уловат што е креирано од ВИ, а што од вистинска личност.

Сепак, важно е да не се потпираме премногу на ваквата технологија, ако не сакаме „дејтот“ да биде како паднат од Марс кога ќе сфати дека човекот од екранот и човекот во живо се две сосема различни личности.

Поточно, човек и робот.

10 јануари 2025 - 00:00