Не беше тоа проблем само на тие што можат да си дозволат Баленсијага. Демна (сега е само Демна), успеа да влијае на глобалниот моден наратив и да предизвика многу понебитни и поевтини брендови и дуќани за брза мода да го копираат стилот. Намерно калливите џемпери и исцрнети патики се вклопија совршено во животите на новата „никој не ме разбира“ генерација и сите ние останатите бевме жртви на занимањето на Демна околу тоа „што можам ја најлошо да направам, а они да го купат“.
Ова изживување очигледно можело да заврши само со префрлањето на Демна на позицијата уметнички директор во Гучи.
Затоа што, гледајќи го шоуто, сфаќаш дека знае што прави, не дека не. Бубачките му поминаа и сега му се прават естетски издржани работи.
Како нè малтретираше Баленсијага, и други поврзани текстови - тука.