А ќе си речеш, бар нејзе би требало да ѝ е познато

Ким Кардашијан пак изнервира народ со немање осет за црните Американци (а и сите останати), без разлика што, во случај да не знаевте, и сопругот и децата ѝ се - црни.

Ким има линија шејпвер (мидери, стегачки гаќи и останата облека што оди под главната облека и лаже дека единствената активност не ти е до фрижидер и назад), се вика Скимс и по којзнае кој пат ја напаѓаат дека нема осет. Во истата линија пуштија и маски, што се распродадоа за неполн ден, донираа и 10.000 за поддршка на напорите против КОВИД, но!

Кај е проблемот, така?

Ким твитна дека маските доаѓаат во повеќе нијанси на нуд (кожа-боја) и нормално дека луѓето дојдоа да прашаат „како тоа кожа-боја“, кога црната маска е - црна? Не, не црна кожа-нијанса, туку ѕифт. Катран. Ќумбе. #000000. rgb(0,0,0)

Не се толку бесни (може се навикнале?), колку што се со вилици до земја со „како е можно?“

Ким е мажена за Канје Вест и со него има 4 деца. Нивни се. Значи од прилика знае да разликува бои на кожа.

Освен тоа, ја закачаат и дека прави профит во време на пандемија, ама во случајов не е само таа - повеќе брендови извадија маски, вклучувајќи и некои наши.

На сликите можете да видите дека ни светлите нуд маски не се баш боја на кожа… Ама барем не се креч.

Ако Ким не знае, што останува за остатокот од светот?

21 мај 2020 - 14:13