9 лоши навики што ни го оштетуваат мозокот

Во време кога сѐ повеќе се обрнува внимание на менталното здравје и колку е еднакво важно како и физичкото, нема смисла да не бидеме свесни за лошите навики што нѐ упропастуваат.

Дали знаевте на пример, дека оштетеното ткиво на мозокот ве прави поподложни на развивање невролошки болести како деменција и Алцхајмер? Овие болести потекнуваат од когнитивно пропаѓање. А когнитивна пропаст можеме да си приредиме сами, како што знаеме и други пропасти да си приредиме.

Една од пофрапантните навики што нѐ уништува ментално е на пример седењето во мрак предолго. Се чини безопасно, но без доволно сонце сме подложни на депресија.

Второ и далеку поразбирливо (а сепак не ни иде памет) е конзумирање на премногу негативни информации. Во денешно време е тешко човек да се изземе од ова зло, но со активен труд и инсистирање често да се опкружуваме со позитивни вести си помагаме повеќе отколку што мислиме. Лошите вести (какви што се 90% во моментов) влијаат на емоциите, начинот на размислување и однесувањето. Константното, претерано конзумирање на негативни вести може да го оштети и физичкото здравје.

Од навидум наивни работи - слушањето прегласна музика на слушалки е проблем.

Интровертноста е популарна тема во денешно време, а избегнувањето луѓе може да ви се чини како одмор, но според некои експерти, социјалната изолација е проблем.

Премногу шеќер.

Прескокнување појадок.

Едвај движење.

Лоши спијачки навики.

Просто е неверојатно како модерниот начин на живот, што за жал како да се романтизира во последно време, систематски го уништува целокупното здравје:

9 декември 2020 - 00:43