Ако сте хронично уморни.
Животот е напорен, особено за жените што мораат да жонглираат со семејство, кариера и други одговорности. Но, сепак, има разлика меѓу нормална истоштеност и истоштеност што потекнува од сериозен здравствен проблем.
Истражувањата покажуваат дека во неделите пред да се случи срцев удар, многу жени пријавиле необичен умор. Во едно истражување, дури 70% од жените што го доживеале го кажале ова. И велат дека е поинакво чувството од умореност на крајот на исполнет ден.
Ако не се решава после добро одморање, време е за доктор.
Ако ве напаѓаат жештини.
Ненадејно жешко и потење во горниот дел од телото е нормално и често искуство за жени што се ближат, или се во менопауза. Ако е претерано и сериозно, тогаш може да е индикатор дека нешто не е во ред.
Проверката треба да се насочи кон срцето и џигерот.
Ако сте депресивни.
Емотивното здравје ни е тесно врзано со физичкото и не се ни изненадувачки истражувањата дека жените што страдаат од депресија се на повисок ризик од кардиоваскуларни болести подоцна во животот. Депресијата треба да се лоцира и третира соодветно, со советување или со лекови, со или без хормони, во зависност од тоа во кој период од животот се наоѓаме и како ќе каже докторот.
Ама во постојана состојба на депресија, докторот мора да се види.
Хроничен недостаток на воздух.
Често не сме свесни дека инфарктот не изгледа ненадејно и драматично како на филм - многу жени занемаруваат состојби што укажуваат на опасноста од инфаркт во неделите што водат до него - и една од нив е недостатокот на воздух. Ако е необјаснив или ненадеен - треба да му се обрне внимание.
После проблемите со умор и спиење, гладта за воздух е еден од најчестите предупредувачки знаци за срцев удар кај жените.
Ако имате мигрени.
Истражувањата покажуваат дека жените три пати почесто страдаат од мигрени од мажите. А мигрена може да те „утепа“, и кај средовечни жени е главно поврзана со хормони. Перименопаузата предизвикува намалување во естрогенот, што ги предизвикува овие специфични главоболки, а може да се поврзани и со стрес, анксиозност, депресија и проблеми со спиење.
Во секој случај, и при најслаба појава на овие симптоми, не е лошо да се оди на преглед. Ако ништо друго - ќе бидете мирни.
А мирно не може да биде лошо.