Ви се живее долго? Спијте колку (и како) што треба

Добриот сон е еден од најважните (а, најпотценети) начини да се продолжи животот.

Сонот го подмладува телото, ги подобрува когнитивните функции и го прави помоќен имунолошкиот систем.

Експертите велат дека спиењето е најважното нешто што можеме да го направиме за да го ресетираме физичкото и менталното здравје секој ден. Има директна поврзаност меѓу тоа колку добро спиеме и колку долго ќе живееме и речиси никој не може да „се извади“ со помалку од шест часа сон без да си наштети.

Кај повеќето луѓе, осум часа сон подобрува меморија и концентрација, зголемува креативност, стабилизира емоции, зајакнува имунитет, подобрува атлетски перформанс и чува од смртоносни болести како рак и болести на срце.

Разликата меѓу добар и лош ноќен сон е намалување од 100% до 60% способност да запаметиме нови факти. Тоа е и разликата меѓу положување и паѓање испит.

Дваесет и четири часа неспиење е како да имаш 0,10% алкохол во крвта.

Вечер без спиење, или до четири часа сон води до 70% намалување во клетките во организмот што се борат со рак. Активноста се враќа во нормала после една вечер нормално спиење.

Спиењето едноставно не ја добива почитта што ја заслужува. Често е првото нешто што луѓето го жртвуваат за да добијат време за што и да е, без разлика дали е забава или работа. И популарното „ќе спиеш кога ќе умреш“ фундаментално ги оштетува здравјето, среќата и долговечноста.

Ако редовно спиете помалку од шест или седум часа, ризикот од рак е двојно поголем, а се зголемува и веројатноста дека ќе се развие Алцхајмер. Недоволен сон придонесува и кон сериозни психијатриски нарушувања како анксиозност и депресија. Има метаболички и хормонални последици. Когнитивни нарушувања.

Просто е: Да сме можеле да еволуираме да ни треба помалку сон - ќе било така.

Целете кон 7-9 часа сон, спијте поефикасно (ако треба и со тракери), легнувајте и станувајте во слично време, ако вежбате, вежбајте миниум 90 минути пред спиење, јадете два часа пред спиење, менаџирајте го стресот и мониторирајте апнеа.

4 ноември 2024 - 20:32