Фановите ќе речат не - „Емилија Перез“ не е добар филм.
Прво, за актерката и за што се работи пишуваше Букбокс. Во филмот, Зои Салдана е адвокатка што добива мистериозна задача и открива дека клиентот е газдата на картел Хуан Манитас Дел Монте (го игра Карла Софиа Гаскон), кој од неа бара да му создаде нов идентитет и живот, а планира да направи операција за промена на полот. После зажалува и бара да го спојат со семејството како „роднина на Дел Монте“.
Стварно звучи несекојдневно, ама гледачите редат вакви пет причини зошто е лошо:
1. Фактот што е мјузикл пречи. Филмот треба да е сериозна драма и криминал, па кога повремено ќе се распеат е чудно. Требало прво да биде категоризиран како мјузикл.
2. Зое Салдана само така... Постои. Целиот прв чин е за нејзиниот лик Рита Мора и дилемата дали да го прифати морално неподобниот Дел Монте кој планира да ѝ плати висока сума. Откако ја прифаќа работата, гледаме како ужива во нов живот во Лондон, среќна и неоптеретена. Емилија Перез не само што ѝ се наметнува повторно туку и ѝ го презема главниот лик во приказната, што пак за публиката е разочарување, затоа што до тој момент е инвестирана во приказната на Рита.
3. Прикажува масовен убиец како симпатичен филантроп. Може сепак нема потреба од хуманизирање масовни убијци.
4. Заплетот нема никаква смисла. Емилија си ги напушта децата затоа што смета дека е поважно да живее како жена, отколку да биде со своите деца. Изјавува и дека има неограничено богатство, но не смислува начин да ги задржи децата со себе додека ја минува трансформацијата. Важноста Емилија да не се препознава како Дел Монте е исто така истакната, но потоа Емилија станува лице на сопствената непрофитна организација? Зошто би ѝ требале дополнителни донатори ако има неограничено богатство? Тоа што станува јавна личност е крајно непотребно. Веројатно слушнала за анонимни донации?
5. Филмот е културолошки бесчувствителен. Секоја група на луѓе претставена во филмот (освен можеби сопствениците на картели) го оцени како културолошки бесчувствителен. Мексиканците го мразат и го викаат бесчувствителна карикатура, GLAAD вели дека е чекор назад за транс-лицата, а критикуван е и дека ја експлоатира хуманитарната криза со трговија со дрога и дека не ги почитува жртвите и нивните семејства.
„Емилија Перез“ е номиниран за Оскар за најдобар филм, најдобар меѓународен филм, најдобар режисер, најдобра актерка, најдобра споредна женска улога, најдобро адаптирано сценарио, најдобра монтажа, најдобар звук, најдобра фотографија, најдобра шминка и фризура, најдобар оригинален саундтрак и најдобра оригинална песна.