23 нешта што треба да ги знаете пред да започнете свој бизнис

И овие совети не ги кажува некое извикано име од светот на бизнисот. Ги кажува моден креатор со свој мал бизнис (не империја) кој цвета во мали, а доволни размери.

Лесно е да напишеш книга (или да ти ја напише некој, како што често бива), од удобна фотелја, сместена во голема канцеларија со поглед на Централ Парк и 7000 вработени под тебе.

Почнуваат со малку, стигаат до импресивно многу, и одеднаш (секоја чест на исклучоци), се расфрлаат со идеи од типот „Ако се сака сè се може“ и „Бидете упорни и ќе се остварите“. Поретко се зборува за процесот измеѓу, а најретко од една лична, проста перспектива на човек што сè уште се гради себеси во бизнисот. Кога на тоа ќе додадеш и грешки од кои се срами, ама ги кажува затоа што не мора да ги повториме, се добива рецепт за одлична композиција од совети што може да помогне на секој што размислува да проба ваква работа. Како да ти раскажува другарка.

Ако некој ви каже дека е многу лесно, ве лаже. Ама тоа не значи дека на крај нема да се исплати.

Да знаеш што ти е производот и што те прави уникатен, да знаеш кога да престанеш да слушаш совети, на што точно да посветиш време, како да се финансираш и уште 20-тина мудри, инсајдерски информации:

4 февруари 2020 - 13:55