100 пози во минута

Не дека ни е прв пат да си ги собираме вилиците од земја на нешто што можат Кинези да го направат.

По филмови, фото-сесиите се често опуштени, често претставени гламурозно - стои некој авион, фотографот се дере „флертувај со камерата“ и авионот се мести, се подместува, заведува, ужива, итн.

Реалноста е малку поинаква, а кога се работи за кинески модели - драматично попрактична. И тешка: Според Чајна Дејли, некои од манекенките прават над 700 пози во 150 комбинации во текот на еден работен ден. Имаат една минута да се пресоблечат и 10 минути за ручек. Интензитетот на сето ова барем им се исплати - заработуваат по 1500 долари на ден.

16 март 2021 - 12:05