100 години пластична хирургија?

До сега серијалот „100 години...” имаше смисла, затоа што беше убавина, патики, шминка, маскенбали и слично, ама никој не помисли дека има доволно материјал да се направи и епизода за пластична хирургија.

Од друга страна, ненормално е да се мисли дека целата таа индустрија почна завчера. Да, сега е насекаде, филери се ставаат како да се иде на забар, а потребните зафати (за подобрување на здравје) најчесто се доведени до совршенство.

Ама како било на почетокот на минатиот век? Па, не баш сјајно. Најстарата варијанта (што ни е позната, а којзнае што глупости се правеле пред почетокот на векот) е дека се шлапале со нешто од кое после со недели биле црвени... па дури потоа подмладени.

Една деценија подоцна се боцкале со парафин! И главно завршувало како во еден текст што го имавме со наслов „А мислевме дека подрум и медицина не одат заедно”!

Импланти на гради?

Да, со стаклени и дрвени топки.

После долга и макотрпна работа (и регулација, за да нема оперирање на памет) доаѓаме до состојбата денес.

Денес, кога филерите се како пломба, а пресадување на кожа околу очи не изгледа како пациентот да има маска за спиење.

19 ноември 2018 - 00:03