- „Не ни требаат никакви алтернативи за членство во ЕУ“, изјави украинскиот претседател коментирајќи го предлогот на францускиот претседател за создавање „европска политичка заедница“ за оние кои сакаат во ЕУ ама уште не се спремни за тоа.
- „Тоа ќе биде уште еден компромис меѓу Европа и Русија“, рекол Зеленски и порачал дека за тоа прашање нема преговарање.
- Зеленски вели и дека Украина ѝ ја скршила кичмата на руската војска.
- Уставниот суд на Албанија пресуди дека едногодишната забрана на ТикТок од страна на владата е неуставна и ја нарушувала загарантираните слобода на печатот и слобода на изразување.
- „Владата не ги испитала доволно последиците од спроведувањето на забраната и не докажала убедливо дека општото блокирање на платформата претставува единствено ефикасно и неопходно средство за постигнување на предвидената цел“, се наведува во пресудата.
- Владата на Еди Рама лани го забрани ТикТок по трагичната смрт на тинејџер кој бил малтретирање преку платформата. Забраната за пристап заврши на 5 февруари, откако платформата во кинеска сопственост вградила нови „безбедносни механизми“.
- Блокадата на Тикток ја оспорија Здружението на новинари на Албанија и Балканската мрежа за истражувачко новинарство. Опозициските партии ја обвинија владата дека се обидува да ги замолчи со тоа што ја забрани платформата неколку недели пред парламентарните избори минатата година, што владата го негира.
- Рене Реџепи го напушти престижниот ресторан Нома, по лавината обвинувања од поранешни вработени дека ги малтретирал, физички ги напаѓал и создавал токсична работна средина во кујната.
- „Извинувањето не е доволно. Ја преземам одговорноста за моите постапки... По повеќе од две децении градење и водење на овој ресторан, решив да се повлечам и да им дозволам на нашите извонредни лидери сега да го водат во неговото следно поглавје, порача готвачот со македонско потекло.
- Токму вчера Нома требаше да отвори 16-неделен поп-ап ресторан во Лос Анџелес, со мени од 1.500 долари по гостин. Резервациите биле распродадени за само три минути. Но, по низата обвинувања до Реџепи за злоупотреба, повеќето корпоративни спонзори ја откажаа поддршката.
- Реџепи го основаше ресторанот Нома во Копенхаген во 2003 година и беше главен готвач. Ресторанот има три Мишелин ѕвездички и пет титули најдобар ресторан во светот.