- За донации се подржува бројот на Црвениот крст - повеќе информации имате овде.
- Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, го понуди и бројот на неговиот службен телефон (070 270 370) за информации поврзани со транспорт и сместување на лица во странство.
- Владата има префрлено 30 милиони денари на Службата за општи и заеднички работи за транспорт и првично сместување на оние засегнати од трагедијата во Кочани кои заминале во странство.
- Досега со сместување и авионски карти се обезбедени 142 лица а и понатамошните трошоци ќе бидат подмирени. Некои држави (како Бугарија, на пример), обезбедиле комплетно сместување за оние кои се кај нив.
- За еден повреден се покриваат по две лица за придружба, но се излегува во пресрет и она оние кои се повеќе.
- Македонските допломатско-конзуларни оретставништва се на располагање а за итни прашања, Муцунски ги даде следниве дежурни броеви: 075/273-732 и 075/268-736.
п.с. Видете и ова
- Во своето второ, 12 минутно обраќање, новиот ирански лидер постави три остри барања за да се стави крај на војната:
- брзо повлекување на американските сили од Блискиот Исток;
- целосно укинување на санкциите во рок од 60 дена;
- долгорочна финансиска компензација за претрпените економски штети.
- Во спротивно Иран ќе ескалира и формално ќе усвои политика на развој на нуклеарно оружје после години колебања околу оваа цел.
- Хамнеи рече дека Ормускиот теснец може целосно да се затвори и Техеран ќе ги формализира безбедносните договори со Москва и со Пекинг, зацврстувајќи го новонастанатиот сојуз CRINK (Кина, Русија, Иран, Северна Кореја). За неколку часа, и Пекинг и Москва издадоа соопштенија со кои - иако со претпазлив јазик- недвосмислено се усогласија со рамката на Техеран.
- Премиерот Роберт Голоб прогласи победа на неговата партија Слобода на парламентарните избори во Словенија, но актуелната владина коалиција го изгуби мнозинството.
- Според преброени 99,85% од гласовите, Слобода освоила само 7.749 гласа повеќе од СДС на Јанез Јанша, но и едно пратеничко место повеќе – 29 наспроти 28.
- Во Националното собрание влегоа и коалицијата НСи-СЛС-Фокус, со 9 пратенички мандати, СД и Демократите со по 6 места, а по пет ќе имаат блокот Левица-Весна и партијата Ресни.ца.
- Ниту партијата на Голоб ниту СДС на Јанша со своите традиционални сојузници не можат да соберат мнозинство од 46 пратеници, поради што се очекуваат тешки коалициски преговори.
- Кампањата помина во сенка на обвинувања за корупција проширени на социјалните мрежи преку протечени аудио-снимки, и контраобвинувања за надворешно мешање од израелската приватна разузнавачка компанија Блек кјуб, чии претставници се сретнале со Јанша.