Обвинителите барале тетовскиот суд да ги отфрли германските вештаци за сведоци со образложение дека германското вештачење било „беспредметно“ за овој случај. Тие самите го завеле вештачењето како доказ, без да образложат за што е доказ, а потоа бараат за истото да не се расправа.
Претходно, Републичкото јавно обвинителство упати јавен демант до ИРЛ тврдејќи дека новинарите лажат дека германското вештачење не било предложено како доказ во постапката.
На аудио снимката од судското рочиштe обвинителите Зорица Павловиќ и Дејан Петрески од скопското обвинителство го отфрлаат барањето за расправа и сведочењето на германскиот експерт и ја набедуваат одбраната дека целта им е само да се одолговлечи судскиот процес.
Интернетот не е убеден дека фотографијата која ја објави поранешниот американски претседател на семејна средба за Велигден е баш автентична.
Бајден се критикува дека ја едитирал фотографијата и се уфрлил себе на неа.
Неприроден е контрастот како тој е формално облечен наспроти лежерноста на останатите од неговата фамилија а има таму и едно раче кое или е вишок или е во неприродна поза.
Министерството за трговија на САД најави воведување царини до 3.521% за увоз на соларни панели од четири земји во Југоисточна Азија. Конечната одлука и висината на тарифите треба да биде донесена во јуни.
Тарифите се реакција на субвенциите од Кина за компании во Камбоџа, Тајланд, Малезија и Виетнам, со цел да го преполнат американскиот пазар со евтини соларни плочи и да им го уништат бизнисот на американските компании.
Овие четири земји во 2023 година извезле соларни панели во САД во вредност од 12 милијарди долари.
Уште во првиот претседателски мандат на Доналд Трамп многу кинески компании го префрлија своето производство во соседството, за да ги избегнат тогашните царини за извоз во САД.