- Загреб започна градење дигитална платформа која ќе дава целосна слика за состојбата на собраќајот во целиот град.
- Проектот вреден три милиони евра, вклучува развој на систем што ќе интегрира информации од различни извори, вклучувајќи сензори за патишта, камери и системи за јавен превоз. Покрај моторниот сообраќај, платформата ќе вклучува и податоци за движењето на велосипедистите и пешаците.
- Преку веб-страница или мобилна апликација, граѓаните ќе можат да ги следат условите на патиштата, да гледаат видео преноси од клучни раскрсници во реално време и да добиваат информации за привремени сообраќајни прописи. Апликацијата ќе овозможи и пријавување на сообраќајни проблеми и користење на разни е-услуги поврзани со јавниот превоз и паркирањето.
- Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
- Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
- Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
- САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
- Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.