Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

За сообраќајката во која загина човек, Кичеец доби 6 месеци

10 ноември 2021
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Осудениот во „Рекет“ Зоран Милески – Кичевскиот кој на 4 септември со својот мерцедес на полна линија излeгол од својата лента на Гостивар – Кичево за претекнувајќи да удри директно во автомобил што возел отспротива, при што загина еден патник од тоа возило, доби затворска казна од само 6 месеци.
  • Обвинетиот ја признал вината, побарал со спогодба условна казна, добил затворска од 6 месеци за претекнувањето на полна линија во кое покрај загинатото 32-годишно лице, имаше и седуммина повредени.
  • Сообраќајката се случи кај превојот Стража, во период кога Милески имал привремен прекина на казната за да се лекува. Како тоа болен го управувал автомобилот низ патиштата низ Македонија, судско-затворските власти не ги интересираше.
извор

Пет земји ја кочат интеграцијата на Црна Гора во ЕУ

19 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Холандија побарала пауза на процесите за интеграција на Црна Гора во Европската Унија укажувајќи на потребата од „дополнителна анализа и поконзистентна примена на сите утврдени стандарди“.
  • На ова барање се придружиле и Хрватска, Естонија, Литванија и Летонија. Инсистираат на темелна проверка на исполнетоста на клучните критериуми пред да се донесат какви било нови одлуки на европско ниво.
  • „Она што сега изгледа сигурно е дека нема да се затворат поглавја на маргините на состанокот на Советот на ЕУ овој месец, спротивно на претходните очекувања и најави“, заклучува подгоричкиот весник „Дан“.
  • Црна Гора досега има затворено 18 од 33-те преговарачки поглавја. Хрватска го блокираше Поглавјето 14, кое се однесува на транспортната политика. Веќе две години е блокирано Поглавјето 31 – кое ја опфаќа надворешната, безбедносната и одбранбената политика.
извор

Странски криминалци ги преполнија затворите во Финска

19 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Поради преполнетост на затворските капацитети, Финска бара правна рамка за да префрла осудени криминалци да ја отслужуваат казната во странство. Тоа подразбира и странските затвореници да бидат префрлени во ќелии во нивните матични земји.
  • Хелсинки ги разгледува опциите на Шведска - која од август почна да префрла свои осуденици во затвор во естонскиот град Тарту, или на Данска - која во десетогишен договор од 210 милиони со Косово изнајми 300 ќелии во затворот во Гњилане.
  • Според податоци на Службата за затвори и условна слобода, во Финска има околу 3.900 затвореници, од кои 950 се странски државјани.
  • Бројот на странски затвореници е зголемен за 76% изминатата деценија, а бројот на фински затвореници во истиот период е намален.
  • Најголем дел од странските затвореници отслужуваат казни за кривични дела поврзани со дрога (49%), за сексуални престапи (21%) и за убиства (10%).
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

22 години без Даниел Михајловски

2

Живеење на Месечината паѓа во вода

Наука
3

Кога со себе ќе го земеш и своето село

Македонштина
4

„Маж ми нема другари“

5

Да си знаат

Македонштина
6

Дарко Лешоски: Зошто уште го правите ова? До кога?!

Разно
7

Што толку згреши ЕУ за да ја заслужи Урсула?

Мислења
8

Србија е сè, само не е досадна (компилација)

Балканштина
1

22 години без Даниел Михајловски

2

Живеење на Месечината паѓа во вода

Наука
3

САД ќе почнеле војна со Кина поради лоша проценка на ВИ

Свет
4

Трамп постигна договор со Данска за Гренланд

5

Што толку згреши ЕУ за да ја заслужи Урсула?

Мислења
6

Економската бесмисленост на бесплатниот автобуски превоз

Урбан
7

Пет земји ја кочат интеграцијата на Црна Гора во ЕУ

8

Англиканската црква ја повлече наградата за пакистанскиот имам

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Да си знаат

Балканштина

Србија е сè, само не е досадна (компилација)

Балканштина

Оние што се по ЈУС уште траат

Македонштина

Кога со себе ќе го земеш и своето село

Македонштина

„Жртва“ на денот

Балканштина

Чуда на диетата

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Поинаква кино димензија

Ви текнува во што е кваката?

Зошто милиони возрасни ја купуваат оваа боенка?

Билјана влакно цветаше

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy