- Пресудата против ИРЛ е загрозување на слободата на изразување, судот не смее да кажува кој е новинар, пишува во реакција на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).
- Сметаат дека образложението на пресудата на граѓанскиот суд во случајот Кочо Анѓушев и компанијата Брако против Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ) и новинарката Сашка Цветковска е скандалозно, неприфатливо и незамисливо за едно демократско општество.
- „Со оваа пресуда која беше објавена вчера не се навлегува во суштината на тужбата за наводната клевета кон поранешниот вицепремиер Анѓушев во емисијата „Заговор против воздухот“ емитувана во 2021 година на МРТВ, туку се врши дискредитација на новинарите и на непрофитниот медиум ИРЛ сѐ со цел да се оправда пресудата на судијката Јованка Спировска Панева. Притоа се поставува досега невиден и опасен преседан судот и државните институции да одредуваат што е медиум, кој е новинар и кој смее да се бави со новинарска дејност. ССНМ смета дека токму овие произволни и паушални толкувања на Законот за медиуми, како и на Законот за здруженија и фондации претставуваат пред сѐ залажување на јавноста од страна на судот со цел оправдување на оваа скандалозна и досега невидена одлука во македонското правосудство“, реагираат од ССНМ.
- Кенеди центарот уште денес може да се затвори и да отиде во стечај. За таа одлука ќе гласа бордот на институцијата за изведувачки уметности која долго време беше предмет на интерес за медиумите заради напорот на Доналд Трамп да ја преименува и да го натопори своето име.
- Името на Трамп беше додадено па потоа отстрането од топ позицијата на центарот откако федералните судии пресудија дека само Конгресот може законски да го промени името.
- Одборот веќе порача дека името на Трамп е витално важно за да му се оддаде признание за планираните реновирања и дека без додавање на името, нема да се обезбедат потребните средства за рутинско одржување и фискално спасување на Кенеди центарот.
- И мнозинството од администрацијата на центарот и неговиот борд денес се луѓе поставени од Доналд Трамп.
- Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за економски криминал и корупција во координацијa со СВР Скопје Единица за економски и компјутерски криминал, постапуваше по издадена наредба од ОЈО Скопје и по преземени мерки и активности до ОЈО Скопје достави кривична пријава против:
- Благица Блажевска за четири кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување,
- Симона Серафимовска Ѓуреска за две кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и
- Стевчо Јакимовски.
- Двете ја злоупотребиле својата службена положба и овластување зашто иако знаеле дека инвеститори имаат основен проект изработен спротивно на важечкиот урбанистички план, наместо да им го вратат предметот на доработка, им издале одобрение за градење.
- Поранешниот градоначалник на Карпош се товари за кривично дело несовесно работење во службата.