За Агелер, милијарди евра тежок договор кој никој не го видел е „транспарентност“
19 мај 2023
- Американската амбасадорка во Македонија, Анџела П. Агелер е уверена дека процесот во кој е инволвиран „Бехтел“ е целосно транспарентен и законски.
-
Разочарувачки е тоа што опозицијата го критикува проектот „без да располага со сите факти и информации“, вели таа.
-
Мадам, игзектли тоа е проблемот: што јавноста не располага со фактите и информациите за проектот со кој дебело се задолжува.
-
Дипломатскиот колега на Агелер, некогашниот амбасадор на САД во Косово, Кристофер Дел, истоветно јавно навиваше и го буткаше проектот на Бехтел за тамошниот автопат (Види: Како Косово доби скап автопат кој не му треба?). Тој набрзо се пензионира и станува специјален претставник на Бехтел во Мозамбик.