Во Србија се одржаа избори во десет локални самоуправи а српскиот претседател прогласи победа во сите десет општини.
„Се надевам дека после ова денес, некои луѓе ќе ја прекинат хајката против оние кои мислат поинаку од нив,“ порача Вучиќ.
Добрите резултати за владеачката СНС беа изненадување за некои аналитичари кои проценуваа дека големата излезност на овие делумни избори е сигнал за опозиционо будење.
Студентите -блокадери порачуваат дека битката не е готова бидејќи се работеше за гласање во помали места а главната изборна пресметка ќе се води во поголемите градови.
Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.