- Во здравствените установи во Скопје и во Штип има вкупно 89 хоспитализирани пациенти по пожарот на 16 март во кочанската дискотека „Пулс“, а во странство до сабајлево се испратени 76 пациенти.
- Во наредниот период ќе се испратат уште неколку во Австрија, Полска, Холандија, Италија, Норвешка....
- Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) соопшти дека вчера биле хоспитализирани уште 20 повредени, меѓу кои и тројца пожарникари. Пристигнати се и тимовите од Чешка и Израел.
- Во пожарот загинаа 59 лица, главнината на возраст од 14-25 години.
- Тоше Поп Симонов, еден од најважните луѓе на македонската музика, замина на 63 годишна возраст.
- Тоше Поп Симонов беше музичар, композитор, инструменталист, продуцент, аранжер, текстописец... ренесансно комплетен лик во музиката.
- Тоше Поп Симонов беше умен, писмен, начитан, мудар, добар, правичен, бескомпромисен во своите естетски и етички ставови и пресуди... ЗЕН мајстор во занаетот и живеењето.
- Тоше Поп Симонов беше другар, пријател, ведар, урнебесно забавен, брилијантен раскажувач, драгоцен соговорник во секаков вид дружење.
- Ќе ни фали многу. Многу.
- Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајната несреќа синоќа на патниот правец Кичево-Гостивар.
- Несреќата се случила во 20.55 часот близу местото Сеферов Бунар меѓу Кичево и селото Трапчин Дол. Се судриле три возила.
- Според првичните информации три лица починале од повредите, а осум лица се повредени. Дел од нив се пренесуваат во болницата во Кичево, дел во Клинички центар Мајка Тереза во Скопје, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.