- Јавното обвинителство се повлекло од кривично гонење на Дрин Ахмети, внук на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со пиротехничките средства што беа одземени во неговиот автомобил за време на полициска контрола на 30 декември 2023 година.
- Утврдиле дека количината на пиротехниката (15 кутии со ракети за огномет и седум петарди) не била доволно голема за да се оправда кривична одговорност.
- Младиот Ахмети ѝ стана познат на јавноста кога беше откриено дека е сопственик на трговскиот центар „Соравија“ во срцето на Скопје. Тој без вложен денар на свое име поседуваше 39 проценти од трговскиот, а откако случајот почна да се проблематизира се откажа од сопствеништвото. Се бараше отворање на постапка за проджабата на Соравија, но обвинителите решија само да бидат неми посматрачи, потсетува Алфа.
- „Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
- Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
- Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
- Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
- И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.