- Пратениците на СДС и ДУИ не гласаа за Предлог законот предложен од ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на важноста на пасошите.
- „Власта во заминување реши да малтретира 600.000 народ од чист инает. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
- Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на неговиот Фејсбук профил ги објави со име и презиме пратениците кои не гласаа за продолжување на важноста на пасошите. Тој во постот пиша дека тоа се виновниците притворија стотици илјади граѓани на територијата на Македонија.
- Иранската морнарица објави дека истрелала крстосувачки проектили кон американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“. Ракетите не го погодиле носачот на нуклеарен погон, но го принудиле да ја промени позицијата. Американските сили не реагираа на ова тврдење.
- „Постојано го следиме движењето на носачите и штом непријателската флота навлезе во дострел на нашите ракетни системи, таа ќе биде цел на моќни напади“, изјави командантот на иранската воена морнарица, адмиралот Шахрам Ирани.
- И на 1 март Иран објави дека го погодил „Абрахам Линколн“ со балистички проектили. Централната команда на САД тоа го отфрли како „лажна вест“, прикажа снимки од носачот и објави дека ракетите „не се ни приближиле“ до него.
- САД веќе го повлекоа од борбена позиција другиот носач на авиони „Џералд Форд“, откако пред две недели избувнал пожар во пералницата и стотици морнари останале без своите кревети. Носачот плови на поправка во бродоградилиште на Крит.