- Американскиот департмент за енергетика заклучи дека коронавирусот најверојатно протекол од некоја лабораторија во Кина.
- Само нешто порано, истото го заклучија и два извештаи на ОН во кои научниците од САД и Британија беа обвинети дека ѝ помогнале на Кина да ја задуши дебатата по ова прашање.
- Долго време од почетокот на пандемијата, да се сугерира вакво нешто беше научно и политички осудувано како конспирациска измислица и глупост.
- Експертски панел од тинк-тенкот „Република 21“ заклучил дека германското општество и економија „нема да ја преживеат“ прогласената „енергетска транзиција“.
- Тоа е прифатен државен проект кој до 2045 година би можел да чини до 13,8 трилиони евра.
- Панелот предупредил дека замената на конвенционалната енергија со обновливи извори ги зголемува трошоците без да го зголеми производството.
- Од постепеното укинување на јагленот во Германија, може да се очекуваат прекини на електричната енергија и зависност од кинеска опрема, за да се добијат сосема ограничени климатски придобивки.
- Се бара да се рестартираат преостанатите нуклеарни постројки, се препорачуваат нови нуклеарни реактори и фракинг во комбинација со подземно складирање на јаглерод.
- Италијанската полиција ги пронашла двајцата малолетници кои украле минибус од депо во местото Ровиго и го возеле осум километри пред да изгубат контрола и да излетаат во канал.
- Нема информации дали биле повредени.
- Пред да го грабнат автобусот, искршиле стакла и ретровизори на десетина паркирани возила во депото.
- Истражителите се убедени дека малолетниците се обидувале да имитираат ситуации од видео-играта „GTA 6“, која беше објавена истиот ден.