Најлесно е да го впериме прстот само во политичките елити (од која и да е провениенција) и така лаконски да ја завршиме дебатата, уште пред да почне.
И пред и по охридска Македонија, Македонците виткаа(т) `рбет пред национализмите (и) на соседите, па така менуваа(т) устав, знаме, симболи, читанки, историја, ветуваат дека нема да нападнат никого (каква горчлива и мазохистичка шега!), дека Македонци во Грција, Бугарија и Албанија – јок, тие се Јети.
Трендот продолжува со новосоздадените „комисии“ (шест на број), преку кои Бугарија на голема врата почнува (повторно) да ја „администрира“ Македонија – со благослов на европските елити! Тошо Малерот вели: Батка, на крај ќе излезе дека македонско малцинство има само во Македонија! Се плашам дека е оптимист.
Највлијателната американска медиумска личност порача дека веќе не се смета за републиканец и дека не е сам во тоа напуштање на партиските бои.
Карлсон оценува дека Републиканската партија ги изневерила гласачите со тоа што ги ставила интересите на Израел пред американските.
„Како може кој било Американец да поддржи политичка партија која не е лојална на САД?“ праша Карлсон кој ги поддржуваше републиканците цели 35 години.
Истовремено, тој ја отфрли можноста да им даде поддршка на демократите и рече дека не е сигурен за кого ќе гласа следниот пат.
Влегувањето во војна со Иран сериозно го подели МАГА телото особено откако Марко Рубио се излета и кажа дека на таква одлука Трамп се решил по наговор на Нетанјаху.
17,3 милиони Германци, односно 21% од вкупното население, живееле во домаќинства кои лани не можеле да си дозволат да отпатуваат на еднонеделен годишен одмор поради лоша финансиска ситуација, покажува извештај од Федералното биро за статистика.
Одморот во анкетата не бил дефиниран само како туристички аранжман, туку опфаќал и престој кај пријатели, роднини или во сопствен капацитет.
Самохрани родители биле уште потешко погодени. Само 39% можеле да си дозволат да заминат на одмор со децата.
Сепак, Германците се во поповолна состојба во споредба со просекот во Европската Унија од 28%.
Дури 61% од Романците живеат во семејства што немаат пари да заминат на еднонеделен одмор. На дното на листата се и Грција со 47% и Бугарија и Унгарија со по 39%, според Еуростат.