- Не е тешко да напишеш „попис“ на сите несреќи, да направиш црно салдо на маките што ги минува овој народ. Најголема доблест, храброст и умешност е да кажеш дека нам ни треба вртење НОВ лист!
- Изборите се само непосредниот лек, или можеби со речникот на медицината – тие се дел на палијативната нега на „пациентот“/општеството и оние што го сочинуваат: палијативната нега им помага на лица со неизлечива болест да го имаат најдобриот можен квалитет на живот, им ги намалува болките и им го зачувува дигнитетот додека полека заминуваат од овој свет.
- Прашајте се: имаме ли што да изгубиме ако тргнеме во борба за подобро утре, ама и за поинаква Македонија во поинаков свет? Можеме да ги изгубиме само прангите во кои сме оковани! Обидете се да смените нешто, макар и во вашата работна средина и веднаш ќе ги слушнете.
- Во мало француско гратче утре се одржуваат не баш историски избори кои сепак добија глобален публицитет.
- Во трката за градоначалник на Арсис-сур-Об за реизбор за бори Хитлер а противкандидат му е Зјелински.
- Шарл Хитлер е навикнат на мајтап со неговото презиме и цртање мустаќи на постерите но малку му е незгодно кога ќе прочита дека 37% од неговото место се Хитлеровци.
- Францускиот Хитлер е центрист додека оној спроти него, 28 годишниот Антоан Рено Зјелински е од крајно-десничарскиот патриотски блок.
- Хитлер објаснува дека му е криво што вниманието е свртено само околу презимињата на кандидатите а не нивните политики.
- Самото место во кое живеат само 2.785 жители името го добило по едно место близу Одеса во Украина, каде во 1814 се одвивала една од битките на Наполеон.
- Европската унија од 1 јули годинава воведува нова фиксна давачка за мали пратки со вредност под 150 евра, мерка што директно ќе ги погоди и пратките од платформи како ТЕМУ и АлиЕкспрес.
- Давачката ќе изнесува три евра по пратка а до ноември се најавува и дополнителна такса „за обработка“.
- Лани 5,8 милијарди мали пратки со ниска вредност испратени директно до потрошувачите влегле во ЕУ. Над 90 проценти доаѓаат од Кина.