- Бројни Хрвати и онака често одат на шопинг во соседна Словенија, но, во петокот, кога кај нив беше организиран бојкот на продавници, трговски синџири, угостителски објекти и бензиски станици заради високите цени, баш навалиле.
- Особена гужва била во словенечко Брежице, на 40 километри од Загреб каде паркинзите околу трговските центри биле преполни со автомобили со хрватски таблички.
- „Често доаѓам овде и ваква гужва не е вообичаена. Тоа сигурно е резултат на бојкотот и на тоа што овде навистина можат да се најдат работи по поповолни цени,“ рекол купувач за новинарите на Јутарњи.
- Хрватската управа за јавни приходи забележа речиси преполовен промет во хрватските дуќани а за следниот петок се најавува нов бојкот.
- Американскиот претседател сака Јордан и Египет да ги земат на своја територија Палестинците од Газа додека се расчистува „сиот тој неред“во појасот.
- Тоа би било „привремено или долгорочно“.
- Од почетокот на војната таму, овие две земји го предводеа арапскиот отпор кон идејата за какво било присилно пренесување на Палестинците од Газа.
- Трамп телефонски се слушнал со јорданскиот крал Абдула во чија земја веќе има околу 3 милиони Палестинци. „Му реков, би сакал да земеш повеќе, бидејќи го гледам целиот појас Газа и тоа е вистински хаос“.
- Трамп кој своето богатство го направи градејќи хотели, неодамна залупа дека Газа има голем потенцијал и е убаво место бидејќи е на море.