- Лабуристичката партија на премиерот Ентони Албанезе победи на парламентарните избори во Австралија.
- Резултатите покажуваат дека лабуристите уште повеќе ќе го зголемат мнозинството во Парламентот, иако на првичните анкети пред изборите заостануваа многу зад конзервативната Либерална партија.
- Опозицискиот лидер Питер Дутон го призна поразот. Тој лично го изгуби дуелот за пратеничко место.
- Анализите на анкетите покажуваат дека клучен фактор за Австралијците биле споредбите на Дутон со американскиот претседател Доналд Трамп.
- „Ако фрлите доволно многу кал, таа ќе се залепи“ оцени Јасинта Прајс, сенаторка од либералите.
- Триесет и осумгодишна жена загина пред банка во Солун од експлозија на бомба што ѝ била во раце. Инцидентот се случил во 5 часот, кога немало минувачи
- Жената имала полициско досие и била поврзана со „позната антивладина фигура“, која сега е во затвор поради грабежи на банки и бомбашки напади во Атина и во Солун.
- „Се чини дека таа ја носела бомбата за да ја постави пред машина за готовина пред банката. Нешто тргнало на лошо и бомбата ѝ експлодирала во раце“, изјави полициски офицер.
- Жената била тешко ранета и починала во болница.