- Рејтингот на одобрување од јавноста на Доналд Трамп падна на најниско ниво откако го почна својот втор претседателски мандат, покажува анкета на Ројтерс и Ипсос.
- Само 42% од американските гласачи опфатени со анкетата во изминатата недела позитивно ја оцениле работата на претседателот. Пред три недели рејтингот на Трамп на идентична анкета беше 43%, а на денот на инаугурацијата на 20 јануари беше 47%.
- Како причина за падот, анкетарите ги посочуваат незадоволството поради казнувањето на универзитетите, особено од демократските гласачи (89%), како и поради преземањето на контролата врз националните музеи и театри, што како лошо го оцениле 86% од демократите и 49% од републиканците.
- За сите политики на Трамп има повеќе негативни отколку позитивни мислења. Најтесен е односот за политиката за имигрантите, која ја поддржуваат 45%, а ја осудуваат 46% од испитаниците.
- Актуелниот рејтинг на Трамп сепак е повисок од оној на демократскиот претседател Џо Бајден во последните две и пол години во неговиот мандат.
- Рускиот претседател Владимир Путин поддржа директни преговори со Украина за нови примирја како велигденското.
- „Тоа треба внимателно да се проучи, можеби дури и билатерално“, изјави Путин за предлогот од Володимир Зеленски за 30-дневен прекин на огнот.
- Украина и Русија немале директни преговори речиси три години.
- Американскиот претседател Доналд Трамп и државниот секретар Марко Рубио во петокот предупредија дека САД ќе се повлечат од мировните напори ако двете страни „во рок од неколку дена“ не постигнат напредок.