- Елоквентниот потпретседател на САД, Ј.Д. Венс, пред само неколку дена среде Минхен создаде дармар со говор (без белешки и читање) по кој мнозина се сетија на шамарањето на Путин во 2007 година од истата говорница. Но, тогаш самобендисаните трансатлантисти можеа и да се потсмеваат и да игнорираат историски важен говор на претседател од друга држава (иако се покажа како фатална грешка). Но сега шлаканиците доаѓаа од сојузник – па затоа болеа повеќе.
- За нас што уште од 2014 година зборувавме и пишувавме за Евромајдан, за случувањата внатре во земјата што тргна кон фашизација и систематско прекршување на малцинските права на Русите (заедно со дури 14 илјади жртви), и кои тврдевме дека мора да се дојде до мировно, дипломатско решение, самото спомнување мировен план значи сатисфакција.
- Лично, имам сериозен проблем во Трамп да гледам миротворец, особено откако видов како ја замислува ривиерата врз гробовите на затрупаните деца во Газа. Повеќе би го споредила со мистер Џекил и доктор Хајд – никогаш не знаеш со кого зборуваш и каква идеја ќе му дојде на ум. За Палестинците, за жал, нема кој да зборува. Нема ни телефони ни политичари.
- Сите европски земји, сè уште неотрезнети од крвавиот пир во Украина и наративот со кој се хранеа три години, уште инвестираат во војна, до бесвест, до самоуништување. Дури и ако САД не бараат 5 отсто од БДП, тие се во воен амок. А кутрите не гледаат дека се нерелевантни! И воено неспособни, и економски девастирани, и социјално потресени во фундаментот.
- Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
- Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
- Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
- Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
- Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
- Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
- Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
- На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.