- „Пожар во РЕК Битола. Не произведува струја оти не работи ниеден блок,“ пренесува СДК.
- Пожар ја зафатил трафостаницата во блок број 3, при што повлекол да испадне од работа и блок број 1.
- Изгаснато. Нема повредени.
- Над три милиони луѓе (60% од возрасната популација на земјата) останаа без опна што го имаат во банка, откако поради несолвентност, преку ноќ затвори банката Уено.
- Банкарски сметки, плати, пензии... замрзнати и недостапни а луѓе излегоа на улици за да протестираат.
- Осум директори на банката, вклучително и основачот и претседателот на банката се притворени а првиот човек на парагвајската централна банка, Карлос Каваљо, длабоко поврзан со Уено, поднесе оставка.
- Уено сега е под шепа на централната банка а Сенатот на Парагвај предложи клиентите на банката „Уено“ да добијат аванс во висина до 40 минимални плати. Според постојниот закон, оштетени банкарски клиенти се обештетуваат со 75 минимални плати.
- Уено беше ставена под принудна управа откако солвентноста, од минимумот од 12% падна на 5,6%.
- Свештеници и политичари низ Иран ги засилија повиците до властите во Техеран да се откажат од официјалниот став дека нема да развиваат нуклеарно оружје, пишува Њујорк тајмс, наведувајќи примери од проповеди и изјави на функционери.
- Мохсен Резаи, задолжен за национална безбедност, изјави дека лидерите во Техеран почнале дискусии, но не донеле одлука дали да ја задржат предвоената нуклеарна доктрина ако САД или Израел ги обноват нападите врз Иран.
- „Повлекувањето од Договорот за неширење на нуклеарното оружје порано беше став на малцинството во иранското раководство. Сега станува став на мнозинството“, вели Мохамад Гадери, експерт за надворешни работи од Техеран.
- Иран тврди дека развива нуклеарна програма за цивилни цели. Покојниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, издаде верски декрет со кој се забранува развојот и употребата на нуклеарно оружје. Фатвата е обврзувачка за сите државни институции, вклучувајќи ги војската и Корпусот на исламската револуционерна гарда. Тој пристап не ги спречи двете војни што Израел и САД ги почнаа против Иран – Дванаесетдневната од лани и операцијата „Епски бес“, во која загина и самиот Хамнеи.
- „Тој создаде ситуација во која Иранците платија висока цена за бомба што всушност ја немаа. Сега постои чувство дека ако не го поседувате ова најстрашно оружје, во секој момент би можеле да се најдете на милост и немилост не само на САД, туку и на Израел“, објаснува аналитичарот Мохамад Али Шабани.