- Напаѓачите од сиднејската плажа Бонди биле 50 годишен и 24 годишен маж. Татко и син. Непотврдено: од Пакистан. Постариот имал дозвола за оружје и држел шест легални парчиња.
- Таткото бил убиен во престрелка со полицијата а синот е во критична но стабилна состојба, пишува Гардијан. На местото биле најдени и две импровизирани експлозивни направи.
- Бројот на загинати се искачи на 16 а во болници се 42 лица. Има загинато 10 или 12 годишно девојче како и човек кој како дете преживеал гулаг во Сибир.
- Бидејќи масакрот се случи за време на прославувањето на еврејскиот празник Ханука, актот во моментов се смета за антисемитски чин.
Пазете сега ова:
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.