Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Уапсен водечкиот романски кандидат за претседател

26 февруари 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Калин Георгеску, кандидатот што победи во првиот круг од поништените избори за претседател на Романија, е приведен на полициско сослушување.
  • Георгеску бил уапсен токму кога бил на пат да ги поднесе документите за кандидатура на повторените претседателски избори во мај.
  • Обвинителството отвори кривична истрага во врска со низа сомневања, од незаконско финансирање на кампањата, па до промовирање антисемитизам, говор на омраза и „дела против уставниот поредок“
  • Паралелно со приведувањето, спроведена е и рација на 47 адреси кај луѓе поврзани со Георгеску.
  • Георгеску тврди дека е жртва на политички прогон што го споредува со ерата на Николае Чаушеску.

Види и: Укинување на романската демократија

извор

Израел удри врз преговарачите на Хамас во Катар

9 септември 2025
  • Share
  • Post
  • Израелските сили извршија напад врз раководството на Хамас во Катар, во прв удар врз заливската земја што е активна како посредник во мировните преговори за Газа.
  • Во главниот град Доха одекнале неколку силни експлозии. Цел на нападот, според извори на Ал џезира, бил преговарачкиот тим на палестинската милитантна група, кој во Доха го разгледува новиот план за прекин на огнот претставен од САД.

Press coverage: The first moments of the Israeli strike on the Hamas leadership building in Doha. pic.twitter.com/OE8K3bQMTm

— Wissam Shabat 𓂆 🇵🇸 (@wissamshabat) September 9, 2025
  • Катар го оцени израелскиот напад како „кукавички“ и како грубо прекршување на меѓународните закони. САД не го коментираа нападот, но Амбасадата во Доха ги повикаа сите службеници и американски граѓани во Катар да останат засолнети.
  • Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич изјави: „Терористите немаат и нема да имаат имунитет од долгата рака на Израел каде и да се во светот“.
  • Во речиси двегодишната војна против Хамас во Газа, Израел досега ги бомбардираше Либан, Јемен, Сирија и Иран. Израелски дрон вчера нападна флотила за Газа вкотвена во Тунис, а денеска на ред дојде Катар.
извор

Непалската Ген З го запали парламентот и го истера премиерот

9 септември 2025
  • Share
  • Post
  • Непалскиот премиер Хагда Прасад Шарма Оли поднесе оставка откако протестите против корупцијата еруптираа во улични пресметки со 19 жртви и палење на парламентот и резиденцијата на премиерот.
  • Повод за демонстрациите беше владината блокада за социјални медиуми, со објаснување дека групите таму договараат соборување на власта. Илјадници  луѓе, претежно млади, вчера во Катманду тргнале да го заземат Парламентот, на што полицијата возвратила со солзавец и гумени куршуми, но и со бојна муниција. Во општиот хаос биле убиени 19 луѓе и повеќе од 300 биле повредени.

  • Иако владата ја укина блокадата на социјалните мрежи, „Бунтот на генерацијата З“, како што медиумите ги нарекоа протестите, денеска бил уште помасовен. Наместо да упаднат во Парламентот, демонстрантите го запалиле, исто како и резиденциите на премиерот Оли и на други политичари. Премиерот веднаш дал оставка и го напуштил Непал.
  • Поради чадот од запалени објекти и улични барикади бил запрен сообраќајот на меѓународниот аеродром. Војската апелираше до младите да се воздржат од насилства, бидејќи оставката на премиерот е прифатена.
  • „Непалците, особено од генерацијата З, се разгневени од корупцијата, нетранспарентноста, неодговорноста и лошото владеење. Ова се собираше со времето и крвавото задушување на мирните протести поради забраната за социјални медиуми експлодираше во трагедија. Сега никој не управува со ситуацијата. Групи млади луѓе ги вандализираат имотите на функционерите и политичарите“, објаснува непалската новинарка Рамјата Лимбу.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Трајко, дали стварно?

Македонски рулет
2

И Србија доби датум

Балканштина
3

Необична фудбалска сцена во Танзанија

Фудбал
4

Демек сакате природа а после све ви пречи

Македонштина
5

Детали за новата руска вакцина против рак

6

Гасоводот „Сибир“ 2 ја сруши стратегијата на Трамп

Свет
7

И на царина знае да биде интересно

Видео
8

Јер кад остариш...

Забава
1

Детали за новата руска вакцина против рак

2

Српските Бетмен и Робин

3

Повеќе муслимански отколку христијански ученици во Виена

Свет
4

Гасоводот „Сибир“ 2 ја сруши стратегијата на Трамп

Свет
5

Бај-бај Бајру

6

Објавена честитката до Епстин со провокативниот потпис на Трамп

Свет
7

Непалската Ген З го запали парламентот и го истера премиерот

8

И Полска ли крева раце од Украина?

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Демек сакате природа а после све ви пречи

Балканштина

И Србија доби датум

Македонштина

Што е ова ако не е права магија

Балканштина

Вака се работи

Македонштина

Е јеби га

Балканштина

Сеир, видео дефиниција

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Филмска препорака

Јака родова еднаквост, слабо математичарки

Вистина е!

Што значеше панк-рокот за комунистичка Југославија

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy