- Еден од троловите на СДСМ кој напаѓал новинарки бил десната рака на Петре Шилегов и внук на екс министерката Радмила Шеќеринска, открива дописничката на МИА од Брисел Тања Милевска, која Владата ја тргна од нејзината позиција затоа што не сакала да биде пропагандист на Ковачевски.
- „Моите новинарски текстови останаа чисто неутрални, но јас имав мислење на социјалните мрежи и надвор од нив, кое не беше тајна. А, тоа е е дека и понатаму сметам дека францускиот предлог е неприфатлив“, верли Милевска.
- Од тој момент започнаа напади од страна на власта. Тоа оди преку нивните тролови на социјалните мрежи, од некои фаци од типот на Никола Наумовски, коишто добиваат задача од штаб да дискредитираат. Апсолутно истата шема како во време на ВМРО-ДПМНЕ.
- Илјадници демонстранти кои бараат оставка од премиерот Еди Рама се судрија со специјалната полиција на централниот плоштад „Скендербег“ во Тирана, токму на Денот на независноста на Албанија.
- Демонстранти, кои пристигнале од целата земја, фрлаа камења, сигнални ракети и димни бомби кон кордоните и владините згради, а полицијата возврати со солзавец и водени топови.
- Според Министерството за здравство, повредени се најмалку осум луѓе, вклучувајќи полицаец и двајца новинари.
- Бранот незадоволство во Албанија почна крајот на мај, поттикнат од плановите за изградба на луксузен туристички комплекс во јужниот дел на земјата – проект поврзан со фирма основана од Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Трамп.
- Низ месеците протестите се проширија во бунт против корупцијата во владата, растот на трошоците за живот и ограничените можности. Во изминатите неколку недели беа запалени банки, судови и владини згради.
- Студентите сега повикуваат на уште помасовни демонстрации се до оставка на премиерот Рама, кој е на власт од 2013 година. Група студенти, професори и претставници на дијаспората најавија основање на нова политичка партија „Обединети за Албанија“, со цел да постигнат промени преку институционални средства.
- Парламентот на Аргентина изгласа закон со кој ѝ се забранува на Централната банка да печати пари за да ги покрие владините трошоци. Банката е ограничена на својата основна мисија да ја одржува вредноста на националната валута.
- Ова е еден од клучните чекори во стратегијата на претседателот Хавиер Милеи да ја запре инфлацијата, која во времето на претходната администрација во 2023 година надмина 200%.
- Под водство на Милеи, Аргентина ги намали владините расходи и инфлацијата, но се зголеми сиромаштијата.
- „Заврши времето на Централната банка која финансираше политичка кражба преку печатење пари. Заврши монетарната катастрофа во Аргентина. Завршија 91 година измами“, соопшти претседателот.