- Нова телевизија ќе зрачи во етерот на скопскиот регион, откако Агенцијaта за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги му одобри на друштвото „Преобразба“ да отвори телевизиски канал.
- Според информациите на Фактор, зад овој нов медиум кој што би требало да почне да зрачи наскоро, стои Митрополитот преспанско-пелагониски, Владиката Петар, кој со своето световно име Петар Каревски, е основач и сопственик на ДПТУ „Преобразба“.
- Телевизијaта доби дозвола за општ, претежно забавен формат
- Експертски панел од тинк-тенкот „Република 21“ заклучил дека германското општество и економија „нема да ја преживеат“ прогласената „енергетска транзиција“.
- Тоа е прифатен државен проект кој до 2045 година би можел да чини до 13,8 трилиони евра.
- Панелот предупредил дека замената на конвенционалната енергија со обновливи извори ги зголемува трошоците без да го зголеми производството.
- Од постепеното укинување на јагленот во Германија, може да се очекуваат прекини на електричната енергија и зависност од кинеска опрема, за да се добијат сосема ограничени климатски придобивки.
- Се бара да се рестартираат преостанатите нуклеарни постројки, се препорачуваат нови нуклеарни реактори и фракинг во комбинација со подземно складирање на јаглерод.
- Италијанската полиција ги пронашла двајцата малолетници кои украле минибус од депо во местото Ровиго и го возеле осум километри пред да изгубат контрола и да излетаат во канал.
- Нема информации дали биле повредени.
- Пред да го грабнат автобусот, искршиле стакла и ретровизори на десетина паркирани возила во депото.
- Истражителите се убедени дека малолетниците се обидувале да имитираат ситуации од видео-играта „GTA 6“, која беше објавена истиот ден.