- По неколкугодишно напредување на Паркинсоновата болест, на 81 година почина екс директорот на ФБИ, Риберт Мулер, во последните години најпознат по тоа што ја водеше јаловата истрага за наводната вмешаност на Русија во американските избори и улогата на Доналд Трамп во тоа.
- „Починал Роберт Мулер. Добро. Драго ми е за тоа. Не ќе може веќе да им напакости на невини луѓе,“ напиша Доналд Трамп по тој повод.
- Мулер беше прв човек на ФБИ од 2001 до 2013 година и има најдолго останато на таа фунција после Едгар Џеј Хувер. Работел на истрагите за Нориега од Панама, њујоршкиот гангстер Џон Гети, експлодирањето на американскиот патнички авион Пан Ам во 1988...
- За бесчуствителноста на пораката на Трамп по повод смртта на Мулер, лидерот на Демократите во Сенатот, Чак Шумер, рече: „Неговата суровост има поента, да го одвлече вниманието од поскапувањето на горивата, неговата бесцелна војна, злоупотребите на мигрантските служби, документите на Епстин....“
- Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
- Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
- Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
- САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
- Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.