Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Трамп: Прво договор за украинските руди, потоа за примирје

24 март 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Претседателот Доналд Трамп очекува многу скоро Вашингтон и Киев да постигнат договор за поделба на приходот од украинските минерали. На средбата зад затворени врати во Ријад се разговара и за украинските нуклеарни централи.
  • САД и Украина требаше да го потпишат договорот за минералите на 28 февруари, но наместо со свечена церемонија, посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон заврши со кавга пред камери со Трамп и со потпретседателот Џеј Ди Венс.
  • „Сега разговараме за територија. Разговараме за линии на демаркација, за енергетиката, за сопственоста на нуклеарните централи. Некои луѓе велат дека САД треба да ги поседуваат централите, бидејќи ја имаме експертизата“, изјави Трамп пред кабинетот.
  • Зеленски пред неколку дена изјави дека со Трамп разговарал за една нуклеарна централа „која е под руска окупација“. Таква е „Запорожје“ најголемата нуклеарна централа во Европа.
извор

Мажите први одат

18 јуни 2026
  • Share
  • Post
  • Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6.

  • Лани починале 20.287 лица, што е за 0.4 %  повеќе отколку во претходната година.

  • Доенчиња имало 0.3 % на 100 умрени лица, покажуваат податоците за морталитетот на Државниот завод за статистика. 

  • Најмногу се умирало во јануари (2.002), а најмалку во април (1.506). 

извор

Србија: Максимални затворски казни за родителите на масовниот убиец од Рибникар

18 јуни 2026
  • Share
  • Post
  • Виш суд во Белград им изрече максимални затворски казни на родителите на 16-годишното момче кое пред во мај 2023 година во своето основно училиште „Владислав Рибникар“ уби девет соученици и домарот на школото. Истрелал 45 куршуми од пиштол. Ранил уште пет деца и еден наставник.
  • Таткото Владимир Кецмановиќ е осуден на 14 години и 6 месеци затвор поради „тешко дело против јавната безбедност и занемарување и злоупотреба на малолетно лице“. Мајката Милијана е осудена на 2 години и 11 месеци затвор.
  • Апелациски суд претходно ја намали на 1 година домашен притвор казната на Немања Маринковиќ, инструктор во стрелачкиот клуб во кој Владимир Кецмановиќ го водел својот син да вежба да пука.
  • Бидејќи во моментот на извршување на делото убиецот имал 13 години, според српските закони против него не може да се води кривична постапка. По приведувањето е префрлен во Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци во Белград, под затворен медицински и полициски надзор.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Зошто пропуштаме вакви работи?

Македонштина
2

Дуци го размонтира „инфлуенсерскиот вајб“

Разно
3

Иран е поголем пораз од Виетнам

Мислења
4

Грдата доградба на МНР

Македонштина
5

Реал Мадрид потпиша уште една ѕверка

6

Културњаци против фудбалери

Мешано
7

Гаси Сејф сити

Македонштина
8

Џабе ти имаш јак стомак ако дебил има токмак

Видео
1

Иран е поголем пораз од Виетнам

Мислења
2

Трамп не ја разбира војната што ја изгуби

Мислења
3

Како Кина ја спаси светската економија

Свет
4

САД финансирале експерименти со вируси во биолаборатории во над 30 земји

Свет
5

„Убавиот син базен“ на Трамп процвета зелено

6

Трамп и Пезешкијан потпишаа крај на војната

Свет
7

Како Шведска го преполови долгот и може ли и Македонија така?

Свет
8

Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Самоодржлива информација

Македонштина

Зошто пропуштаме вакви работи?

Македонштина

Грдата доградба на МНР

Македонштина

Гаси Сејф сити

Македонштина

Капиштец се расфрла со вода

Македонштина

Ќе истрпи овој народ

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Послушајте патриоти, преспанци и нобеловци

Па каде да најдеме такво дете??

Некои идеи просто те препотуваат

Секој кадар од "House of Cards" е ист

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy