- Доналд Трамп оцени дека може да прави „сè што ќе посака“ со Куба, откако блокадата за нафта што ѝ ја наметна предизвика голема енергетска криза на островската земја.
- „Верувам дека ќе ја имам честа да ја преземам Куба... да ја освојам Куба во некоја форма. Без разлика дали ќе ја ослободам или ќе ја преземам, мислам дека можам да правам сè што сакам. Тие сега се многу ослабена нација“, изјави Трамп пред новинари во Овалната соба.
- Откако САД го грабнаа венецуелскиот претседател Николас Мадуро од Каракас, ги запреа сите венецуелски бродови што секојдневно ѝ носеа нафта на Куба и им се заканија на другите земји со воведување царини ако ѝ продаваат нафта на Хавана.
- Куба три месеци не добила нафта. Од синоќа без струја остана речиси целиот остров со 10 милиони жители.
- Администрацијата на Трамп почна преговори со Хавана, но инсистира претседателот Мигел Дијаз-Канел да замине од власт. Трамп отворено повика на „пријателско преземање“ на Куба, но истакна дека приоритет сега има војната против Иран.
- На 67 години почина Мишо Хрњак , басистот во најлегендарната, златна постава на Азра, со Џони Штулиќ и Борис Лејнер.
- Свиреше бас на првите три студиски албуми на бендот: Азра (1980), Сунчана страна улице (1981) и Филогрански плочниви (1982), како и на неповторливиот троен концертен албум, Равно до дна.
- Азра ја напушта по отслужување на воениот рок во 1982 година и тоа е крај на таа изворна постава. Едно од најважните поглавја ги минува во Унгарија каде ја запознава сопругата Уршула со кои имаат пет деца. Семеен живот и изработка на мебел по нарачка.
- Во 2015 година ја објавува автобиографијата „Златно срце - приказни, ама, не баш за деца.“
- Планината Еверест на Хималаите останува планина со највисока надморска височина (8,849 метри) но тоа да не ти била највисоката планина на планетата.
- Две други „скриени“ планини на работ на Африка и Тихиот океан се далеку повисоки, дури 100 пати повисоки од Еверест, околу илјада километри високи.
- Што е финтата и како до сега не сме ги виделе? Затоа што почнуваат од минус надморска височина, длабоко под површината на Земјата - на околу 1.900 километри, помеѓу јадрото и земјиниот плашт.
- Наша стручна алпинистичка проценка: Не се важи!