- Семејната компанија на Трамп поднесе барање за регистрација на името на претседателот како трговска марка на аеродромите.
- До Федералната канцеларија за трговски марки е подннесено барање за ексклузивни права за користење на името на претседателот на аеродромите и десетици поврзани работи што се наоѓаат таму, од автобуси што ги превезуваат патниците, преку чадори и патни торби до униформи.
- Процедурата започнува во време на дебата во Флорида околу државниот закон за именување на аеродромот Палм Бич по Трамп.
- На оваа тема ја имавме и оваа вест: „Доналд Трамп ќе ја дигнел рампата за пар милијарди наменети за Њујорк под еден услов - да се додаде неговото име на неколку знаменитости“.
- Организацијата Трамп ветува дека нема да бараат пари или да го наплаќаат брендот туку само сакаат да го заштитат името, кое, според нив е „најзлоутребуваната трговска марка во светот“.
- Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
- Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
- Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
- САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
- Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.